logo
logo
logo

Ден по жестоките американски напади, Израел и Иран продолжуваат со размена на огнот

Vecer | 23.06.2025

Ден по жестоките американски напади, Израел и Иран продолжуваат со размена на огнот

Ден по жестоките американски напади, Израел и Иран продолжуваат со размена на огнот. По американските бомбардери Б2 и Израел денеска го бомбардирал клучниот нуклеарен погон Фордо кој се наоѓа на осумдесетина метри под земја а Иран возвратил со ракетирање на југот на земјата по што без струја останале 8 илјади луѓе. Американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалните мрежи напиша дека според сателитските снимки се работи за монументална штета нанесена на нуклеарни локации. Но иранската армија најави целни операции против САД со кои вели дека ќе нанесе непредвидливи последици. За израелскиот премиер Нетанјаху пак Израел е многу блиску да ги оствари своите цели во Иран.

-Борците на исламот, во одговор на ова злосторство, ќе спроведе моќни и целни операции кои ќе ви нанесат тешки, жални и непредвидливи последици. – Ебрахим Золфаќири – Портпарол на Иранската армија

-Немам сомнеж дека овој (ирански) режим сака да не елиминира. Тие сакаат да го елиминираат нашето постоење. Затоа ја започнавме оваа операција за да ги запреме конкретните закани по нашиот опстанок, нуклеарните закани и заканите од балистички проектили.  Одиме напред чекор по чекор за да ги исполниме овие цели и многу сме близу до тоа.  – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи денеска престојува во посета на Русија каде оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин кој застана зад Иран и ги осуди американските напади.

-Неиспровоцираната агресија против Иран нема никаква основа ниту оправдување. Ние, од наша страна, вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ. – Владимир Путин – Претседател на Русија

-Техеран ги смета постапките на Тел Авив и Вашингтон за нелегитимни, Исламската Република има легитимно право да се брани. Русија денес е на вистинската страна на историјата и меѓународното право. - Абас Аракчи – Министер за надворешни работи на Иран

Случувањата на Блискиот Исток се клучна тема на состанокот на министрите работи во Брисел каде доминираа пораките да се избегне ескалација и Техеран да се врати на преговарачка маса.

-ЕУ секогаш се залагала за дипломатија, имавме разговори си иранскиот министер во петок и Иран е подготвен за разговори за теми како нуклеарното оружје но и гранична безбедност, кои се однесуваат и на Европа. Дефинитивно ова треба да го актуелизираме бидејќи на крајот мора да има дипломатско решение за да имаме долгорочна перспектива за ова. – Каја Калас – Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност

Денеска иранската државна телевизија соопшти дека бројот на жртви од почетокот на конфликтот 500 загинати и 3 илјади повредени. Последните информации од израелска страна беа дека имаат 25 жртви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk