logo
logo
logo

Делегација на тајванската опозиција во посета на Кина

Vecer | 07.04.2026

Делегација на тајванската опозиција во посета на Кина

Тајвнаската делегација доаѓа во Шангај на покана на Комунистичката партија на Кина и нејзиниот претседател Си Џинпинг, во посета што е предвидено да трае до 12 април. Последната партиска посета на Кина беше во 2016 година, кога тогашната партиска претседателка Хунг Хсиу-чу беше во Пекинг.

Пред патувањето Ченг изјави дека сака да покаже добра волја и да презентира пред меѓународната заедница дека се уште постојат можности за мирно решавање на разликите меѓу Тајпеј и Пекинг преку дијалог и со избегнување конфликт.

Сепак, тајванската Влада јасно ја предупреди Ченг да не презема самостојни иницијативи. Министерот за прашања поврзани со Кина, Чиу Чуи-ченг, нагласи дека партиските контакти не можат да го заменат официјалниот дијалог и дека никакви политички договори или владини прашања не смеат да се постигнуваат без овластување.

Кина го смета островот Тајван за своја територија и не исклучува примена на сила доколку е потребно. За Пекинг владејачкото Демократско-прогресивно движење на Тајван и претседателот Лаи Чинг-те се сепаратисти, додека за претседателот Лаи Тајван е „де факто“ независна држава и оттаму нема потреба да се инсистира на формално прогласување независност.

Посетата на Ченг доаѓа на едем месец пред планираната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, во мигови кога тајванскиот Парламент продолжува да расправа за зголемување на воениот буџет поради растечките закани од Пекинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk