logo
logo
logo

Секојдневна хоспитализација на 112 деца во Газа поради неухранетост

Vecer | 28.06.2025

Секојдневна хоспитализација на 112 деца во Газа поради неухранетост

Светската здравствена организација алармира дека секојдневно околу 112 палестински деца завршуваат во болниците во Газа поради неухранетост, што е последица на продолжената блокада и воените дејства во регионот.

Хуманитарната состојба во Газа ги надминува сите катастрофални граници, соопшти генералниот директор на организацијата, Тедрос Гебрејесус.

Од вкупно 36 болници во Појасот Газа, само 17 работат делумно, а ниту една не функционира во северниот дел или во Рафа на крајниот југ – подрачја кои се најтешко погодени од конфликтот.

Гебрејесус истакна дека над 500 лица го загубиле животот при обиди да достават животно важна храна до пунктовите за дистрибуција на помош надвор од системот на Обединетите нации.

Според него, екипите на Светската здравствена организација оваа недела за првпат добиле можност да влезат во Газа од 2 март, и тоа со многу ограничени ресурси, што ги отежнува напорите за помош на населението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk