logo
logo
logo

Де Вевер: Имам чувство дека времето на слаткоречивост кон САД заврши

Vecer | 20.01.2026

Де Вевер: Имам чувство дека времето на слаткоречивост кон САД заврши

- Работите се загреваат. Европската кошница зуи, изјави Де Вевер осврнувајќи се на комуникацијата меѓу европските лидери по најновите закани на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум земји од Европа и за преземање на Гренланд.

Според Де Вевер, како што пренесуваат белгиските медиуми, последните закани на Трамп од минатиот викенд создале пресвртница во Европа.

- Данска отсекогаш била најсилен сојузник на САД, а сега ја третираат на овој начин. Дополнително им се закануваат на земји од НАТО кога организираат воено присуство на територијата на НАТО. Стигнувате до точка каде што слаткоречивоста е контрапродуктивни. Таа само ги охрабрува да одат чекор понатаму, изјави Де Вевер.

Белгискиот премиерот истакна дека од пораките со кои европските лидери „се бомбардираат едни со други“ добива впечаток дека трпението на Европа истекува.

- Моето чувство во моментов е дека големо мнозинство лидери смета дека е доста. Повеќе нема да го трпиме ова, додаде Де Вевер.

Инаку, за време на престојот во Давос предвидено е Де Вевер заедно со белгискиот крал Филип да имаат средба со Трамп.

- Тоа ќе биде посебен момент. Со нетрпение го очекувам. Но, прво да видиме дали ќе се одржи, изјави Де Вевер коментирајќи ја средбата со Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk