logo
logo
logo

НЕХУМАНО ДАВЕЊЕ НА КУБА: По блокадите од САД цела држава остана без струја!

Vecer | 16.03.2026

НЕХУМАНО ДАВЕЊЕ НА КУБА: По блокадите од САД цела држава остана без струја!

Американскиот претседател Доналд Трамп ја блокира Куба, воено, економски и политички и земјата не може да добие нафта и енергенси од никаде. Осудени се на мрак и глад бидејќи од енергиојата зависат фабриките, трговијата, школите, болниците...

Барањата на Трамп се промена на власта во Куба.

Кубанските власти објавија дека има прекин на електричната енергија на целиот остров, додека енергетската и економската криза во земјата дополнително се продлабочува. Куба има околу 11 милиони жители.

Хавана ја обвинува американската енергетска блокада за своите проблеми, откако американскиот претседател Доналд Трамп во јануари се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува нафта на Куба. Министерството за енергетика и рударство објави на социјалната мрежа X дека дошло до „целосно исклучување“ на националниот електроенергетски систем и дека се спроведува истрага за причината.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел во петокот изјави дека земјата не примила пратки нафта повеќе од три месеци и во моментов се потпира на сончева енергија, природен гас и термоцентрали. Поради кризата, одложени се операциите за десетици илјади луѓе.

Голем прекин на електричната енергија се случи пред нешто повеќе од една недела, кога милиони луѓе останаа без електрична енергија во западниот дел од земјата. Клучните испораки на нафта од Венецуела се прекинати од јануари кога САД го уапсија тогашниот претседател Николас Мадуро.

Иако Куба произведува околу 40 проценти од својата нафта и произведува дел од сопствената електрична енергија, тоа не е доволно за да ги задоволи потребите на земјата. Дијаз-Канел потврди во петокот дека Куба води разговори со американската влада бидејќи проблемите во земјата продолжуваат да се продлабочуваат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk