Под јавен притисок, ставот на италијанската премиерка Џорџија Мелони за американско-израелската војна против Иран стана порешителен, објавува „Гардијан“.
Италија нема да влезе во војната
Зборувајќи во средата на Сенатот, Мелони рече дека на Иран не смее да му се дозволи да се здобие со нуклеарно оружје, но рече дека Израел и САД дејствувале надвор од границите на меѓународното право. Таа нагласи дека Италија не е во војна и нема да влезе во неа.
„Мораме да ја ставиме американската и израелската интервенција против иранскиот режим во контекст на кризата на меѓународниот систем - во која заканите стануваат сè поалармантни, а едностраните интервенции надвор од рамките на меѓународното право се множат“, рече таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата