logo
logo
logo

2.000 ПРИПАДНИЦИ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ЗА ОДБРАНА НА ИМИГРАЦИСКИТЕ ВЛАСТИ ОД НЕЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ ВО КАЛИФОРНИЈА

Vecer | 08.06.2025

2.000 ПРИПАДНИЦИ НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА ЗА ОДБРАНА НА ИМИГРАЦИСКИТЕ ВЛАСТИ ОД НЕЛЕГАЛНИТЕ МИГРАНТИ ВО КАЛИФОРНИЈА

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди распоредување на 2.000 припадници на Националната гарда во Лос Анџелес и Калифорнија, поради жестоки судири меѓу демонстранти и имиграциски власти.

Судирите следеа по протести против масовните апсења на илегални мигранти.

„Претседателот потпиша меморандум со кој се осигурува безбедност од анархијата што други дозволија да се прошири“, соопшти портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Според Министерството за внатрешна безбедност, околу 1.000 демонстранти во петокот нападнале агенти од имиграциските служби. Неколку лица се уапсени под сомнение за напад врз федерални службеници.

Во изјавата од Белата куќа се наведува дека операциите на имиграциските служби се „критични за запирање на инвазијата од криминалци без документи“. „Неспособните демократски лидери во Калифорнија се откажаа од одговорноста да ги заштитат своите граѓани“, се додава во соопштението.

Министерот за одбрана Пит Хегсет изјави дека армијата е подготвена да испрати маринци од базата „Кемп Пенделтон“ доколку насилството продолжи.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој често е критикуван од Трамп, оцени дека испраќањето војска претставува „долевање масло на оган“.

Во Парамаунт, предградие со доминантно шпанско население, демонстранти и агенти повторно се судрија. Неколкумина се уапсени, а американското знаме беше запалено.

Демонстрантите нападнале полициски возила и фрлале предмети, додека властите користеле солзавец и шок-бомби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk