- Независно што може да каже во неговото инаугуративно обраќање, очекувам дека ние како Европејци ќе мора да се ориентираме кон нова реалност, објави Фредериксен на Фејсбук.
Долгата објава одговори на контроверзните планови на Трамп за преземање контрола врз Гренланд, данска автономна територија, од стратешки причини. Лидерите на Гренланд ги отфрлија плановите.
Премиерката, социјалдемократка, рече дека не се сомнева оти Европа мора да стане посилна економски, воено и технолошки со сите расположливи средства.
- Ние сме мала земја, но сме дел од силен континент, рече таа, истакнувајќи дека Европа претходно доживеала тешки времиња.
Фредериксен посвети голем дел од објавата на тоа како нејзината влада ќе се справи со дискусијата за Гренланд, бранејќи ја својата влада од тврдењата на опозицијата дека таа не се залагала ефективно за Данска, Гренланд и Фарски Острови, друга данска автономна територија./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата