НАТО во среда соопшти дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за ублажување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од притисокот од американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд од Данска, објави Ројтерс.
„Нашиот придонес со Ф-35 го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, изјави Поулсен за новинарите пред Минхенската безбедносна конференција во Германија.
Тој додаде дека очекува и САД да придонесат во мисијата.
Извор: Б92
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата