logo
logo
logo

Данок за ЕМИСИИ НА ГАСОВИ ОД КРАВИ - Метанот е штетен, велат во Нов Зеланд

Vecer | 12.06.2022

Данок за ЕМИСИИ НА ГАСОВИ ОД КРАВИ - Метанот е штетен, велат во Нов Зеланд

Нов Зеланд го претстави планот за оданочување на емисиите на гасови на овци и говеда со цел да се справи со ефектот на стаклена градина во земјата.

Така Нов Зеланд ќе стане првата земја што ќе наметне даноци за фармерите за емисиите на метан од добитокот, пренесува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Во таа земја, со население од нешто повеќе од пет милиони луѓе, се одгледуваат околу 10 милиони говеда и 26 милиони овци. Речиси половина од сите емисии на стакленички гасови, главно метан, доаѓаат од земјоделството во Нов Зеланд.

Емисиите на т.н „стакленички гасови“ од земјоделството претходно не беа вклучени во шемата за тргување со емисии на земјата, што ги поттикна критичарите да ја повикаат владата да стори повеќе за да го запре глобалното затоплување.

„Повеќето гасови се формираат во нивниот стомак, односно во цревата, особено во првата комора. И така тие го подригнуваат“, објасни научникот Ермијас Кебријаб, кој го проучува придонесот на копитарите во ефектот на стаклена градина, пренесува NPR.

Според предлогот, сточарите ќе треба да плаќаат за емисиите на гасови од нивните фарми од 2025 година.

Планот вклучува и стимулации за земјоделците да ги намалат емисиите преку адитиви за добиточна храна, додека садењето дрвја на фармите може да се користи за неутрализирање на емисиите.

Парите собрани од тој данок ќе се инвестираат во истражување, развој и советодавни услуги за земјоделците, соопшти Министерството за животна средина.

Минатиот месец, министерот за финансии на Нов Зеланд објави дека се планирани 2,9 милијарди новозеландски долари (1,9 милијарди американски долари) за програмата за борба против климатските промени, кои ќе бидат финансирани од системот за тргување со емисии што ќе ги оданочува загадувачите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk