logo
logo
logo

Дали Европската комисија ја прикривала здравствената состојба на Урсула фон дер Лајен?

Vecer | 13.01.2025

Дали Европската комисија ја прикривала здравствената состојба на Урсула фон дер Лајен?

Европската комисија на 3 јануари објави дека Фон дер Лајен има тешка пневмонија и дека нејзините обврски за следните две недели се откажани, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Како што е наведено, откажани се нејзините средби во Лисабон и Полска, која штотуку го презеде претседавањето со ЕУ.

Не се соопштуваат детали за нејзината состојба, ниту дали е хоспитализирана како што објавија некои медиуми, што покрена прашања за транспарентноста во ЕК.

На новинарско прашање зошто не е соопштена информацијата дека е во болница, портпаролката на ЕК, Пола Пињо, рече дека Комисијата соопштила дека нивниот претседател има тешко воспаление на белите дробови и се лекува дома во Хановер.

Пињо додаде дека Фон дер Лајен добива важни телефонски повици и дека е во состојба да ја води работата на Комисијата.

Портпаролката на ЕК рече дека фон дер Лајен добро закрепнува и дека треба да се врати на работа во својата канцеларија во Брисел на крајот на оваа недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk