logo
logo
logo

Трамп: Без нас, сите денес ќе зборувавте германски (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 10.06.2025

Трамп: Без нас, сите денес ќе зборувавте германски (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нагласи улогата на САД во Првата светска војна, со пораката дека се враќаат старите имиња на воените бази.

„Денес, другите земји ја славеа својата победа во Првата светска војна“, рече Трамп.

„Единствените кои не славеа беа Соединетите Американски Држави - а ние сме тие што ја добија војната. Да не бевме ние, сега сите ќе зборувавте германски.“

Зборувајќи за силата на американската војска, Трамп рече дека за непријателите на Соединетите Американски Држави „нема ништо од што треба да се плашат повеќе од американската војска.“

„Имаме најголема сила во светот, поголема од кој било друг на Земјата“, изјави тој.

Додаде дека, како претседател, му е посебна чест да им се заблагодари на сите што служеле во армијата.

Ќе се вратат оригиналните имиња на американските воени бази

Трамп објави дека ќе ги врати оригиналните имиња на бројни американски воени бази кои беа преименувани во последните години.

Ова се следните бази: Форт Пикет, Форт Худ, Форт Гордон, Форт Рејкер, Форт Полк, Форт АП Хил и Форт Роберт Е. Ли.

„Од тие бази добивме многу битки и сега не е време за промени. А покрај тоа, јас сум суеверен. Сакаме да ја продолжиме таа низа“, им рече Трамп на присутните.

„Значи, тоа е големата вест што ја објавивме“, додаде претседателот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk