logo
logo
logo

АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ СПОРЕД ИЗРАЕЛ Е МРТОВ, АРАГЧИ ВЕЛИ ДЕКА Е ЖИВ

Vecer | 28.02.2026

АЈАТОЛАХОТ ХАМНЕИ СПОРЕД ИЗРАЕЛ Е МРТОВ, АРАГЧИ ВЕЛИ ДЕКА Е ЖИВ

Израел „проценува“ дека иранскиот врховен водач Али Хамнеи веројатно е убиен во израелски напад порано денеска, јави Канал 12, цитирајќи неименувани израелски извори.

Како што пренесе Тајмс оф Израел, постојат „се поголеми индиции“ во таа насока.

Засега нема официјална потврда на извештајот.

Телевизиската станица неколку минути претходно објави дека израелската процена е дека Хамнеи е „во најмала рака повреден“ и дека тоа не е процена заснована на сателитски снимки кои покажуваат дека претседателскиот комплекс на Хамнеи е срамнет со земја, туку на информации од неименувани извори.

Според извештаите, се очекува Хамнеи набрзо да одржи обраќање. Телевизискиот извештај сугерира дека, доколку се случи тоа, истото било снимено однапред.

Канал 12 исто така известува дека денешните напади предизвикале „многу значителна штета на раководството на иранскиот режим и неговите воени команданти“.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека врховниот водач на земјата, ајатолахот Али Хамнеи, е сè уште жив, „колку што тој знае“.

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади.

Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека двајца команданти загинале во нападите, но оти високи функционери преживеале.

– Сите високорангирани функционери се живи. Така што сите сега се на своите позиции и ние се справуваме со оваа ситуација, и сè е во ред – рече тој.

Медиумите денеска објавија сателитска снимка на која се гледа дека е уништена официјалната резиденција на алатолахот Хомнеи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk