Францускиот претседател Емануел Макрон ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони пред Елисејската палата во Париз. Мелони учествуваше на конференција во Париз за поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Видеото од нивната средба набрзо стана вирално на социјалните мрежи бидејќи францускиот претседател и италијанската премиерка се прегрнаа и бакнаа пред камерите на доста интересен начин.
Мелони изгледаше збунето, како да очекуваше нормално ракување, а не бакнеж и прегратка од францускиот претседател.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата