Министерката за култура Олга Љубимова во сабота ќе ја претставува Русија на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, соопшти денеска Кремљ, откако претходно беше кажано дека рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Љубимова ќе биде присутна во Ватикан „според одлуката на претседателот Владимир Путин“.
Путин не посетил ниту една западна земја од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Во понеделникот претседателот на Русија му оддаде почит на папата Франциско, кој почина на 89-годишна возраст, велејќи дека тој е „мудар водач и постојан бранител на високите вредности на хуманоста и правдата“.
Двајцата се сретнаа три пати за време на кратките посети на рускиот претседател на Ватикан во 2013, 2015 и 2019 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата