Можеби ова е прв пат наводната тајна ќерка на Владимир Путин, Елисавета Кривоногих, која тој наводно ја имал од врската со чистачката Светална Кривоногих, индиректно да го спомене својот татко.
Наводната тајна ќерка на Владимир Путин за прв пат проговори за рускиот претседател.
Како што објави „The Sun“, Елисавета Кривоногих (22), позната и како Луиза Розова, алудираше на својот „татко“ во лути објави во кои зборува „за човекот што ѝ го уништи животот“.
Луиза, која дипломирала уметност и сега живее во Париз, алудираше на „диктаторот кој одзеде милиони животи и го уништи мојот“ - што, според медиумите, звучи како „остра критика“ упатена кон нејзиниот наводен татко.
Во друга објава, таа напиша: „Ослободувачко е повторно да можам да го покажам своето лице на светот. Ме потсетува на тоа коа сум јас и кој ми го уништи животот“, објави „Bild“, кој има пристап до приватниот канал на Телеграм на жената „Art of Louise“.
На својот Инстаграм профил, Луиза внимаваше да го скрие своето лице - но во последно време повторно споделува целосни фотографии.
Не прецизира кога или каде се направени фотографиите, но најновата е направена во рускиот синџир кафетерии „Surf Coffee“.
Луиза е родена на 3 март 2003 година во Санкт Петербург и се верува дека е дете од вонбрачна врска помеѓу Путин и неговата поранешна чистачка Светлана Кривоногих, објави Jutarnji.hr.
Тврдењата за идентитетот на нејзиниот татко се појавија во 2020 година, а првпат беа објавени од „Проект“ - медиум познат како жесток критичар на Кремљ.
Наводно, Светлана Кривоногих станала многу богата по нејзиното раѓање, поттикнувајќи шпекулации дека парите дошле од Путин за да го купи нејзиното молчење.
Луиза претходно имала видливи профили на социјалните мрежи во Русија, на кои се гледало како патува низ светот со приватни авиони и како диџеј во ексклузивни клубови, облечена во дизајнерска облека.
Но, потоа, непосредно пред Русија да ја нападне Украина, нејзиниот профил одеднаш беше избришан.
Оттогаш се пресели во Париз и дипломираше на Факултетот за културен и уметнички менаџмент ICART во јуни 2024 година.
Откако ја напушти Русија, таа се пожали на Телеграм: „Не можам да направам уште еден круг околу мојот сакан Санкт Петербург. Не можам да ги посетам моите омилени места и барови“.
Неодамна, таа повторно е активна на Интернет, но во сосема поинакво светло - се чини дека е повеќе заинтересирана за политика, отворено зборува против војната во Украина и луксузот.
Луиза наводно работи во L Galerie во Белвил и Espace Albatros во Монтре - обете уметнички галерии во Париз кои одржуваат антивоени изложби.
Исто така, таа го усвои името Елисавета Руднова - очигледно по Олег Руднов, еден од починатите пријатели на Путин, во обид да го скрие својот вистински идентитет.
Се вели дека нејзината работа во галеријата вклучува помагање во организирање изложби и снимање видеа.
Но, обидот на Луиза да се вклопи во дисидентските кругови во Париз не помина без отпор.
Уметницата Настја Родионова, која избега од Русија во 2022 година, објави лута изјава и ги прекина врските со две галерии со кои Луиза е поврзана.
Во објава на Фејсбук, таа напиша:
„Важно е да се каже дека верувам во претпоставката за невиност и дека децата не се одговорни за злосторствата на своите родители. Но, како што војната го достигнува својот врв, неприфатливо е да се дозволи лице кое потекнува од семејство кое профитира од режимот [на Путин] да се сретне со жртвите на тој режим. Мора да знаеме со кого работиме и да одлучиме дали сме подготвени за тоа. Мојот личен одговор во овој случај е не.“
Луиза го бранеше својот став и напиша: „Дали навистина сум одговорна за активностите на моето семејство, кое дури и не може да ме чуе?“
Дмитриј Долински, директор на Здружението Л кое ги води Студио Албатрос и Л Галери, го поддржа учеството на Луиза.
Тој изјави за The Times: „Таа личи на Путин, но исто така изгледаат и 100.000 други луѓе. Не сум видел ДНК тест.“
Други инсајдери ја поддржаа, нарекувајќи ја „културна личност“ и „одличен работник“.
Сепак, Родионова возврати, инсистирајќи дека жртвите од војната не треба да бидат принудени да делат простор со никого поврзан со режимот - наводна ќерка или не.
Патем, Велика Британија воведе санкции против Светлана Кривоногих во 2023 година, а независните руски медиуми ја поврзаа со внатрешниот круг на Путин, пишува „Сан“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата