logo
logo
logo

Објавен СОСТАВОТ НА НОВАТА ФРАНЦУСКА ВЛАДА

Vecer | 05.10.2025

Објавен СОСТАВОТ НА НОВАТА ФРАНЦУСКА ВЛАДА

Елисејската палата вечерва го соопшти составот на новата француска влада предводена од премиерот Себастијан Лекорну, објави FRANCE24.

Најважните министерски места во новиот владин кабинет им се доделени на Ролан Лескир – министер за финансии, Жан-Ноел Баро – министер за надворешни работи, Бруно Ле Мер – министер за одбрана, Бруно Ретај – министер за внатрешни работи и Жералд Дарманин – министер за правда.

Откако ја презеде функцијата на 9 септември, Себастијан Лекорну одржуваше серија консултации во обид да го надмине проблемот со недоволното мнозинство во Парламентот и да избегне гласање за недоверба на следниот голем тест – гласањето за буџетот за 2026 година на есен, кое се покажа како фатално за неговиот претходник Франсоа Бајру.

Претседателот Емануел Макрон инсистираше премиерот да го формира својот кабинет до крајот на викендот, а во него треба да има 18 министри.

Првиот состанок на новиот француски владин кабинет е планиран за утре.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk