Брисел подготвува нов пакет рестриктивни мерки против евтиниот увоз од Кина за да ја заштити домашната индустрија од нов „кинески шок“. Европските претставници разгледуваат воведување нови царини и ограничување на зависноста од кинески компоненти во клучните сектори како хемијата и телекомуникациите, каде домашните фирми веќе трпат сериозни загуби и кратење на работни места. Притисокот врз ЕУ се зголемува и поради уривањето на трговскиот баланс бидејќи во првите четири месеци од 2026 година кинескиот суфицит со Унијата порасна на 113 милијарди долари, надоврзувајќи се на минатогодишниот дефицит на ЕУ од 360 милијарди евра.
Тензиите меѓу двата блока ескалираа откако Пекинг им забрани на своите компании да соработуваат во европските изстраги за нелегални субвенции и најави контрамерки. Иако Европската комисија има механизми да го казни ваквиот пазарен дампинг, Генералниот директорат за трговија се соочува со сериозен недостиг на кадар за обработка на напливот од нови случаи. Конечната одлука и идните чекори на Брисел за спас на европската економија ќе се дефинираат на состанокот на комесарите на 29 мај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата