Врховниот совет за национална безбедност на Иран ќе донесе конечна одлука дали да се затвори Ормутскиот теснец, соопшти денес иранската телевизија Прес ТВ, откако парламентот наводно ја одобри мерката.
Одлуката за затворање на теснецот, низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас, сè уште не е конечна.
Но, претставникот и командант на Револуционерната гарда, Есмаил Косари, денес изјави пред Клубот на млади новинари дека ова е на дневен ред и дека „тоа ќе се направи секогаш кога ќе биде потребно“.
„Ќе се браниме со сите средства“
Министерот за надворешни работи на Иран денес изјави дека Иран ќе се брани „со сите средства“ по американските напади врз клучните локации на нуклеарната програма на Иран.
„Исламската Република Иран ќе продолжи да ја брани својата територија, својот суверенитет, својата безбедност и својот народ со сите потребни средства“, рече Абас Аракчи на маргините на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул.
„Мојата земја е нападната, таа е нападната и ние мора да одговориме во самоодбрана. Ќе го сториме тоа“, предупреди тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата