logo
logo
logo

Во Европарламентот падна предлог за промена на терминот „македонски јазик“

Vecer | 24.06.2025

Во Европарламентот падна предлог за промена на терминот „македонски јазик“

Во Европскиот парламент денеска се одржа динамична дискусија и гласање околу извештајот на европратеникот Томас Вајц, со посебен фокус на предлог-амандмани кои се однесуваат на Македонија и нејзиниот службен јазик.

Еден од амандманите, предложен од страна на европратеник на Европската народна партија, по иницијатива на бугарски претставник, беше фокусирана на додавање на зборот „модерен“ пред формулацијата „македонски јазик“. Според нивното образложение, ова требаше да биде излез кој ќе одговара на бугарската позиција во однос на историјата на јазикот. Сепак, ваквиот предлог беше протолкуван како обид да се релативизира и потцени самостојноста на македонскиот јазик, и на крајот не беше прифатен.

Шест европратеници од групата на европски патриоти гласаа против амандманот и со тоа го сопреа усвојувањето на бугарскиот предлог.

Претседателот на Комитетот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер, апелираше извештајот да се поддржи без какви било промени. По гласањето, бугарски европратеник реагираше со бурна дискусија, што доведе до кратка пауза на седницата.

Гласањето заврши со 40 гласа „за“, 19 „против“ и 10 воздржани, што значи дека извештајот беше усвоен и ќе се најде на пленарната седница на Европскиот парламент, каде ќе биде разгледуван за конечно одобрување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk