logo
logo
logo

СЗО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА во Конго и Уганда

Vecer | 17.05.2026

СЗО ПРОГЛАСИ ЕПИДЕМИЈА НА ЕБОЛА во Конго и Уганда

Светската здравствена организација (СЗО) денес ја прогласи епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и Уганда за „јавноздравствена вонредна состојба од меѓународен интерес“, пренесува Би-Би-Си.

СЗО соопшти дека епидемијата, предизвикана од вирусот Бундибугио, не ги исполнува критериумите за пандемиска вонредна состојба, објави Ројтерс.

СЗО во соопштението наведува дека до саботата во покраината Итури во ДР Конго се пријавени 80 сомнителни смртни случаи, осум лабораториски потврдени случаи и 246 сомнителни случаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk