logo
logo
logo

Трамп во улога на миротворец

Vecer | 16.06.2025

Трамп во улога на миротворец

Американскиот претседател Доналд Трамп го поврза иранско-израелскиот конфликт и односите меѓу Белград и Приштина, тврдејќи дека за време на неговиот прв мандат спречил избувнување на војна.

„За време на мојот прв мандат, Србија и Косово се судрија жестоко, како што правеа со децении, и овој долгогодишен конфликт се закануваше да се претвори во војна. Јас го спречив. Бајден ги оштети долгорочните перспективи со некои многу глупави одлуки, но повторно ќе го поправам!“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth social.

Трамп нагласи дека Иран и Израел треба да постигнат договор и дека ќе го постигнат, наведувајќи дека на истиот начин ги убедил Индија и Пакистан да постигнат договор и дека во тој случај ја искористил трговијата со Соединетите Американски Држави „за да внесе разум и кохезија во разговорите со двајца одлични лидери кои беа во можност брзо да донесат одлука и да го запрат конфликтот“.

„Друг случај се Египет и Етиопија, и нивната борба за огромна брана што влијае на величествената река Нил. Мирот владее засега, барем засега, благодарение на мојата интервенција, и така ќе остане! Слично на тоа, наскоро ќе имаме мир меѓу Израел и Иран! Сега има многу повици и средби. Правам многу и никогаш не добивам заслуги за ништо, но тоа е во ред, луѓето разбираат. Ајде повторно да го направиме Блискиот Исток голем“, рече Трамп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk