logo
logo
logo

Чрупала со критика за американско-израелските напади врз Иран

Vecer | 03.03.2026

Чрупала со критика за американско-израелските напади врз Иран

- Не ги славам ракетните напади, без оглед на тоа кон која земја се насочени и кој е одговорен за нив. Не можете да ги славите ваквите напади затоа што секогаш се убиваат цивили, можете само да ги осудите, изјави Чрупала за радио РТЛ.

Тој упати критика и кон американскиот претседател Доналд Трамп поради големата офанзива што САД и Израел ја презедоа против Иран.

Тој почна како претседател на мирот, но ќе заврши како воен претседател. Дали тоа го сака? Ќе мора да им го објасни тоа на своите гласачи, особено ако овие напади и ова војување бидат неуспешни, посочи Чрупала.

Според него конфликтот негативно ќе влијае врз зголемување на цените на горивата и ќе предизвика бран бегалци кон Европа и Германија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk