logo
logo
logo

Четворица загинати во денешните руски напади низ Украина

Vecer | 01.02.2025

Четворица загинати во денешните руски напади низ Украина

Министерството за внатрешни работи соопшти дека руски проектил паднал врз станбена зграда во Полтава, град во централна Украина, при што загинале три лица, а 10 се повредени, меѓу кои и едно дете.

Министерството објави слики на каналот Телеграм од станбената зграда во која неколку погорни катови се уништени и густ чад се крева кон небото, додека противпожарните екипи и десетици спасувачи се борат со урнатините.

Градоначалникот на Харков соопшти дека едно лице загина, а четири се ранети во напад со дрон.

Официјални лица тврдат дека руските сили оштетиле и згради во градот Запорожје во југоисточна Украина.

Украинската воздушна одбрана соопшти дека ги одбила нападите врз Киев, а според првичните извештаи нема поголома материјална штета или жртви во главниот град.

-Руските секојдневни напади врз Украина се сигнал дека агресорот нема да престане да ги врши своите злосторства, изјави украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец.

Како што војната против Русија се приближува кон тригодишнината овој месец, Москва ги засили своите воздушни напади против Украина, испраќајќи десетици беспилотни летала како дел од речиси секојдневните напади.

Нападите во раните утрински часови во саботата уследија по руски ракетен напад врз јужното црноморско пристаниште Одеса претходната вечер, при што беше оштетен историскиот центар на градот./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk