Обвинителот на Ремс, Франсоа Шнајдер, изјави дека едно момче (13) скокнало во смрт од стан на четвртиот кат каде што избувнал пожарот во раните утрински часови, и дека се верува дека изгореното тело пронајдено внатре е на неговиот брат (15), објави Монд.
Шнајдер додаде дека една жена (80) и нејзиниот син (59), кои живееле на осмиот кат, се задушиле во чадот.
Тој додаде дека две лица се тешко повредени во пожарот, вклучувајќи го и очувот на починатото момче кое било тешко изгорено, и дека 26 лица се згрижени во болница поради полесни повреди.
Шнајдер рече дека „нема сомнение“ дека пожарот бил случаен и дека брзо се проширил од електричен тротинет, кој се запалил од непознати причини. Обвинителот рече дека пожарот бил „исклучително тежок за гаснење“ и дека пожарникарите се бореле со пламените јазици повеќе од три часа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата