logo
logo
logo

Чешкиот Уставен суд им дозволи на акушерките да породуваат дома, досега строго ги казнуваа

Vecer | 04.09.2024

Чешкиот Уставен суд им дозволи на акушерките да породуваат дома, досега строго ги казнуваа

Според сегашните правила, акушерките се соочуваат со казна од неколку десетици илјади евра за помагање при породување дома, иако тие сами по себе не се незаконски. Уставниот суд со седиште во Брно заклучи дека тоа е „апсурдно“ и го повика Министерството за здравство да ги промени правилата.

„Не постои разумна причина трудниците да не ги користат услугите на лице кое е стручно обучено во областа на акушерството“, се вели во пресудата. Судот нагласи дека изборот на местото и околностите за породување потпаѓаат под заштита на психолошкиот и физичкиот интегритет на жената. Раѓањето е опишано како „уникатен и чувствителен момент“ во нивните животи.

Судот, исто така, пресуди дека пружањето помош при породување не е здравствена услуга што мора да ја обезбедат носителите на законско здравствено осигурување. Чешката лига за човекови права ја поздрави одлуката како пробив што ќе обезбеди дополнителни опции за идните мајки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk