logo
logo
logo

Чешки туристи се меѓу загинатите во падот на хеликоптерот на Килиманџаро

Vecer | 25.12.2025

Чешки туристи се меѓу загинатите во падот на хеликоптерот на Килиманџаро

Водич и лекар, двајцата од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка загинаа, соопштија Националните паркови на Танзанија. Хеликоптерот се урна вчера во близина на кампот Барафу на планината, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Танзанија.

Весникот Мвананчи и телевизијата „Ист Африка“ објавија дека хеликоптерот бил во мисија за медицинско спасување, повикувајќи се на началникот на регионалната полиција на Килиманџаро.

Планината Килиманџаро, највисокиот врв во Африка, е на речиси 6.000 метри надморска височина. Несреќата се случила на надморска височина од околу 4.700 метри, објави Мвананчи.

Околу 50.000 туристи се искачуваат на Килиманџаро секоја година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk