logo
logo
logo

„Часовникот отчукува“ за Русија- ЕУ воведува нови санкции, доколку Путин не ги испочитува

Vecer | 12.05.2025

„Часовникот отчукува“ за Русија- ЕУ воведува нови санкции, доколку Путин не ги испочитува

Портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин изјави дека „часовникот отчукува“ за Русија да почне да го почитува прекинот на огнот, а во спротивност се соочува со санкции , објави Ројтерс.

Лидерите на четири европски земји, Франција, Германија, Велика Британија и Полска, за време на посетата на Киев во саботата ја повикаа Русија на безусловно примирје кое почнува од денес и ќе трае 30 дена.

Украинската војска соопшти дека Русија извршила десетици напади по должината на фронтот во источна Украина денес, како и повеќе од 100 напади со беспилотни летала во текот на ноќта.

Рускиот претседател Владимир Путин имплицитно го отфрла прекинот на огнот откако предложи директни разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул во недела наутро на 15 мај.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи со предлогот, наведувајќи дека сака лично да се сретне со Путин.

Кремљ не одговори на овој последен предлог. Путин и Зеленски не се сретнале од декември 2019 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk