logo
logo
logo

Лидерите на БРИКС повикуваат на заштита на податоците од AI

Vecer | 06.07.2025

Лидерите на БРИКС повикуваат на заштита на податоците од AI

Лидерите на земјите-членки на БРИКС денес, на самитот што се одржува во Бразил, повикаа на заштита од неовластена употреба на вештачка интелигенција (ВИ).

Ова беше направено за да се избегне прекумерно собирање податоци и да се обезбедат механизми за фер исплата на авторски права, стои нацрт-изјавата што ја виде Ројтерс.

Дел од дискусијата на дводневниот самит на БРИКС, кој започна денес во Рио де Жанеиро, се фокусираше и на вештачката интелигенција и на фактот дека големите технолошки фирми, претежно со седиште во богатите земји, не одговорија на повиците за исплата на авторски права за материјал што се користи за обука на модели на ВИ.

Функционерите на БРИКС се согласија да издадат заедничка декларација на крајот од самитот во Рио де Жанеиро, потврдија за Ројтерс неименувани добро информирани извори.

Преговарачите, кои се подготвуваа за самит на лидери во текот на изминатата недела, имаа тешкотии да се договорат за војната во Појасот Газа, а немаше договор за конфликтот Иран-Израел и претставникот на Африка за предложената реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации, велат изворите.

Министрите за финансии на земјите од БРИКС веќе повикаа на реформа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), вклучително и нова распределба на правото на глас и укинување на традицијата на европско управување со таа организација.

Организацијата ја основаа Бразил, Русија, Индија и Кина, на која подоцна ѝ се придружи и Република Јужна Африка, а Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија, ОАЕ и Аргентина станаа членки на БРИКС во 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk