logo
logo
logo

ФРАНЦИЈА ИСПРАТИ „РАФАЛИ“ во своите воени бази во Емиратите

Vecer | 04.03.2026

ФРАНЦИЈА ИСПРАТИ „РАФАЛИ“ во своите воени бази во Емиратите

Франција распореди борбени авиони „Рафал“ во Обединетите Арапски Емирати со задача да ги заштитат своите воени бази во областа, потврди вчера министерот за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Тие спроведоа операции за безбедност на воздушниот простор над нашите бази“, изјави Баро за телевизијата BFMTV.

Министерот не даде дополнителни детали за мисиите, како и дали имало потреба од соборување беспилотни летала или ракети што би можеле да претставуваат закана за базите.

Зајакнување на военото присуство

Овој потег доаѓа во време на растечки конфликт на Блискиот Исток.

Франција претходно го критикуваше нападот на САД и Израел врз Иран, а претседателот Емануел Макрон рече дека операцијата се случила „надвор од рамките на меѓународното право, кое не можеме да го одобриме“.

И покрај критиките, поради ескалацијата на конфликтот, Франција ги зајакна своите воени капацитети во регионот.

Носачот на авиони со нуклеарен погон „Шарл де Гол“ беше испратен во Средоземното Море заедно со неговите придружни фрегати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk