Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, најави дека ќе побара од Советот на Европската унија да го суспендира договорот со Израел, со кој се регулираат односите меѓу ЕУ и таа земја. Овој потег се разгледува како протест поради, како што вели Албарес, сериозните прекршувања на човековите права во Газа.
Дополнително, шпанската дипломатија ќе иницира и воведување ембарго за извоз на оружје кон Израел, како и санкции за лица чии постапки го поткопуваат мирното решение кое подразбира коегзистенција на две држави. За овие намери веќе информираа британски медиуми.
Од друга страна, израелските власти категорично ги отфрлија заклучоците од извештајот на Европската унија, во кои се наведува дека е можно да се прекршени човековите права и меѓународните обврски во Палестинските територии — особено во Газа и на Западниот Брег.
Според западни извори, уште од почетокот на воените операции на Израел против Хамас, членките на ЕУ редовно изразуваат загриженост за бројот на цивилните жртви во Газа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата