По американските напади врз Иран во текот на ноќта, некои земји се подготвени да го предадат своето нуклеарно оружје на Техеран, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, на каналот Телеграм.
„Неколку земји се подготвени директно да го снабдат Иран со своето нуклеарно оружје“, рече Медведев, пренесува ТАСС.
Тој рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, требало да биде миротворец, но дека започнал нова војна.
Тој нагласи дека „апсолутното мнозинство земји во светот се против постапките на Израел и САД“.
„Со таков успех, Трамп никогаш нема да ја види Нобеловата награда за мир, дури и покрај подлизуркоста на оваа номинација. Добар почеток, честитки, господине претседателе“, рече Медведев.
Според него, по нападот врз Иран, САД се нашле вовлечени во нов конфликт што може да доведе до копнена интервенција.
Медведев е уверен дека Иран ќе ја продолжи својата нуклеарна програма по американските напади и дека клучната инфраструктура не е сериозно оштетена.
„Што постигнаа Американците со нивниот ноќен напад врз три точки во Иран? Клучната инфраструктура на нуклеарниот циклус очигледно не е оштетена, или е малку оштетена“, истакна тој.
Медведев рече дека збогатувањето на нуклеарни материјали и идното производство на нуклеарно оружје ќе продолжат.
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека САД синоќа нападнале три постројки за збогатување ураниум во Иран и дека сите три постројки се целосно уништени. Според него, постигнат е „спектакуларен воен успех“, објавува Би-Би-Си.
Нуклеарните постројки што беа цел на американските бомбардери синоќа се Фордо, Натанц и Исфахан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата