logo
logo
logo

Фотографија што ја промени ЕВРОПА ЗАСЕКОГАШ

Vecer | 25.02.2026

Фотографија што ја промени ЕВРОПА ЗАСЕКОГАШ

Ова беа првите фотографии од руската инвазија што започна точно пред четири години, ноќта на 24 февруари 2022 година. „Нападната е стражарската станица Каланчак. Украинските војници и цивили бегаат“, пишуваше во објавата што се појави на социјалните мрежи веднаш по почетокот на инвазијата.

Украински граничар е снимен на камера за надзор како бега од контролен пункт на југот од земјата. Тој и тројца други граничари беа убиени веднаш по снимањето на тие сцени. Беше веднаш по 4 часот наутро во Украина кога оваа слика за прв пат беше објавена на социјалните мрежи, а веднаш потоа следеа шпекулации за можен почеток на војна.

Неколку часа подоцна, украинската државна гранична стража објави видео од конвој руски возила. Видеото беше геолоцирано во близина на граничниот премин Каланчак помеѓу Украина и Крим. Тоа беше едно од првите снимки од руската инвазија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk