Во моментов нема никакви изгледи за пристапување на Украина во Северноатлантската алијанса, бидејќи за такво нешто не постои едногласна поддршка од сите држави-членки, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека едногласноста во моментов е едноставно недостижна, а таа е неопходна за полноправно членство. Соединетите Американски Држави, како и Германија и други влијателни членки на НАТО, отворено се противат на приемот на Украина, поради што во овој момент нема реални шанси за нејзино интегрирање во воениот блок, пренесува „Спутник“.
Претходно, поранешниот шеф на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во мај предложи компромисно решение за прием на Украина во Алијансата според специфичниот модел кој беше применет на Западна Германија во 1955 година. Сепак, ваквите планови засега остануваат без поддршка.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати нагласи дека потенцијалниот влез на Украина во НАТО претставува директна закана за безбедноста на Русија. Тој додаде дека токму таа воена закана била и еден од главните причини за започнување на Специјалната воена операција. Руските власти постојано изразуваат сериозна загриженост поради воено-политичкото засилување на силите на НАТО во Европа. Кремљ јавно соопшти дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема мирно да ги игнорира дејствата кои се потенцијално опасни за нејзините стратешки интереси.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата