Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди американските туристи што патуваат во Италија да бидат претпазливи поради ризикот од терористички напад.
Ова предупредување беше издадено на 23 мај, а некои американски медиуми го повторија и денес, објави Анса.
Зголемено ниво на тревога
Ова предупредување го зголеми нивото на ризик од прв на второ степен.
Првиот степен, од вкупно четири, се однесува на повеќето членки на ЕУ, додека вториот степен е на сила за Шпанија, Германија и Франција, според Анса.
Во предупредувањето издадено од администрацијата на Трамп се наведува дека терористите би можеле да извршат напад без предупредување и се повикува на претпазливост на местата што се туристички атракции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата