Германските разузнавачки служби денес предупредија дека проиранските групи би можеле да извршат нови и понасилни напади низ Европа, вклучително и можна употреба на експлозиви и огнено оружје.
Малку познатата група наречена Харакат Аш'аб ал-Јамин ал-Исламија (ХАЈИ) веќе изврши неколку напади, претежно палежи, врз израелски и американски институции во Европа од 9 март, изјави за германскиот весник Ханделсблат Сојузната канцеларија за заштита на Уставот (БфВ) на Германија.
Новата проценка е дека групата повеќе нема намера да се ограничува на „едноставни“ напади, туку планира да користи поопасни средства на долг рок.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата