logo
logo
logo

Путин: Русија ги насочува нападите кон воената инфраструктура во Украина

Vecer | 19.06.2025

Путин: Русија ги насочува нападите кон воената инфраструктура во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили ги насочуваат своите удари исклучиво кон воената индустрија во Украина, негирајќи напади врз станбени згради. Меѓутоа, за време на последните воздушни напади врз Киев, беше погодена деветкатна станбена зграда, а од урнатините беа извадени тела на 28 загинати.

Путин потенцираше дека Москва останува решена да ја реализира целта за таканаречена „демилитаризација“ на Украина. Притоа, упати предупредување кон германските власти да не се одлучат за испорака на далekудосежни ракети на Украина, бидејќи, по негови зборови, тоа би можело да го вовлече Берлин во директен конфликт.

Тој, исто така, повика на прифаќање на предлозите за мир од страна на Украина и изјави дека во спротивно, ситуацијата може дополнително да се заостри.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk