logo
logo
logo

Песков: Засега НЕМА ДООКАЗИ кој стои зад обидот за НАПАД над гасоводот во СРБИЈА

Vecer | 06.04.2026

Песков: Засега НЕМА ДООКАЗИ кој стои зад обидот за НАПАД над гасоводот во СРБИЈА

Засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз гасоводот во Србија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Знаеме дека засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад на европска територија врз оваа витална енергетска артерија, која моментално работи под екстремен притисок“, рече Песков, коментирајќи ја ситуацијата околу гасоводот.

Тој потсети дека киевскиот режим повеќепати ги напаѓал деловите од гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“, нагласувајќи дека ситуацијата е исклучително опасна.

„Ситуацијата е потенцијално многу опасна. Знаеме дека инфраструктурата, разни делови од инфраструктурата и на ‘Турски тек’ и на ‘Син тек’, беа повеќепати напаѓани од страна на киевскиот режим“, изјави Песков, коментирајќи ја ситуацијата околу гасоводната мрежа.

Портпаролот истакна дека Москва ги презема сите неопходни мерки со цел да ја осигура безбедноста на оваа инфраструктура, пренесува Спутник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk