logo
logo
logo

Трамп ДЕФИНИТИВНО РАЗОЧАРАН ОД ЗЕЛЕНСКИ, еве што рече

Vecer | 08.12.2025

Трамп ДЕФИНИТИВНО РАЗОЧАРАН ОД ЗЕЛЕНСКИ, еве што рече

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа, по тридневните разговори меѓу Вашингтон и Киев во Флорида, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „не е подготвен“ да го потпише мировниот предлог на САД, чија цел е да се стави крај на војната со Русија, објави CNN.

„Малку сум разочаран што претседателот Зеленски сè уште не го прочитал предлогот, тоа беше пред неколку часа. На неговиот народ му се допаѓа, но тој не го направи тоа“, рече Доналд Трамп во разговор со новинарите во неделата вечерта.

Трамп додаде дека верува оти Русија се согласува со предложениот договор, но дека не е сигурен дека Зеленски се согласува со предлогот.

Рускиот претседател Владимир Путин јавно не го одобри планот на Белата куќа, а американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер се сретнаа со него во Кремљ минатата недела, но не успеаја да постигнат јасен напредок.

Од друга страна, преговорите меѓу американските и украинските претставници завршија во саботата без никаков очигледен напредок, а Зеленски ги нарече разговорите „конструктивни, иако не лесни“, наведува „Гардијан“.

Коментарот на Трамп дојде пред денешната средба на Зеленски во Лондон со премиерот на Велика Британија Кир Стармер и лидерите на Франција и Германија за продолжување на разговорите меѓу САД и Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk