logo
logo
logo

Шок во Норвешка: 7 години затвор за синот на Мете-Марит?

Vecer | 18.03.2026

Шок во Норвешка: 7 години затвор за синот на Мете-Марит?

Норвешкото обвинителство денеска побара казна затвор од седум години и седум месеци за Мариус Борг Хојби, син на престолонаследничката Мете-Марит, на кого му се суди за силувања и насилно однесување кон поранешни партнерки.

Хојби, 29-годишник роден од врска пред бракот на неговата мајка со престолонаследникот Хакон, се товари по вкупно 40 точки од обвинението, за кои е предвидена вкупна казна до 16 години затвор.

Тој признава вина за одредени кривични дела, но ги негира најтешките обвиненија, вклучително и наводните силувања на четири жени.

„Силувањето може да уништи животи“

„Силувањето може да остави трајни последици и да уништи животи“, истакна обвинителот Стурла Хенриксбе претпоследниот ден од медиумски експонираното судење во Осло.

„Тоа може да биде товар што жртвата го носи целиот живот“, додаде обвинителот.

Иако Хојби формално не е член на кралското семејство, неговиот случај сериозно го наруши угледот на норвешката монархија, пишува агенцијата Франс прес.

Аферата започнала со физички напад

Аферата започнала на 4 август 2024 година, кога полицијата го привела под сомнение дека претходната ноќ физички ја нападнал својата тогашна партнерка.

По заплената на телефонот и компјутерот, истражителите пронашле снимки што ги документирале кривичните дела и прекршоците за кои подоцна беше обвинет.

Обвинителите наведуваат дека четири жртви на сексуален напад сфатиле дека биле силувани дури откако полицијата им ги покажала снимките.

Изрекувањето на конечната пресуда не се очекува уште неколку недели, а можно е и неколку месеци, пренесува француската новинска агенција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk