logo
logo
logo

НЕ СЕ ЗНАЕ ЧИИ СЕ: Противвоздушни системи пронајдени во близина на полската граница

Vecer | 04.06.2025

НЕ СЕ ЗНАЕ ЧИИ СЕ: Противвоздушни системи пронајдени во близина на полската граница

Полската армија пронашла неколку контејнери полни со оружје и муниција во село на југот од Лашки, на југот од земјата, кои не ѝ припаѓале на армијата, соопшти полското Министерство за одбрана.

„Надлежните служби ги презедоа контејнерите и работат на обезбедување на локацијата и опремата“, соопшти Министерството, пренесува Ројтерс.

Како што е наведено, станува збор за противвоздушна опрема.

Полските полицајци пронајдоа напуштени системи за противвоздушна одбрана во Подкарпатија, во близина на границата со Украина, кои требало да бидат предадени на армијата на Киев, објави радио RMF24.

Според радиостаницата, приватна компанија, на која ѝ бил доверен транспортот на системи за противвоздушна одбрана во Украина, складирала контејнери со нив на територијата на воздухопловниот клуб во селото Лашки во близина на границата. Контејнерите првично беа чувани, но потоа обезбедувањето беше повлечено, соопшти радиостаницата.

Системите не ѝ припаѓале на Полска или на нејзината армија. Обвинителството во моментов го истражува случајот.

Да потсетиме дека вицепремиерот и министер за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш, денес изјави дека Полска нема намера да испрати свои војници на украинска територија како дел од евентуално повоено решение.

„Полска не планира и нема да испраќа полски војници во Украина“, нагласи Косињак-Камиш во интервју за радио станицата RMF FM, коментирајќи ја изјавата на специјалниот пратеник на американскиот претседател Кит Келог за можното распоредување на европски сили западно од Днепар со учество на четири земји, вклучувајќи ја и Полска.

Според полскиот министер, Варшава гледа поинаку на своето учество во повоениот процес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk