logo
logo
logo

Загинаа над 20 лица во масовен ракетен напад врз Киев

Vecer | 18.06.2025

Загинаа над 20 лица во масовен ракетен напад врз Киев

Бројот на жртвите од најголемиот руски напад врз Киев од почетокот на војната се зголемува, при што според украинските власти, повеќе од 20 лица загинаа.

Во нападот беа повредени најмалку 134 луѓе, а цел на офанзивата биле 27 различни локации во главниот град на Украина.

Вкупно 21 лице загина во главниот град, а 134 се повредени.

се вели во соопштението на службите за итни случаи на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нападот го опиша како еден од најстрашните кои досега биле извршени врз Киев од почетокот на руската инвазија.

За време на нападот биле употребени повеќе од 440 дронови и 32 ракети, што ја прави оваа офанзива една од најинтензивните и најобемните досега.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk