Лидерот на Данската либерална алијанса, Алекс Вансплаг, во објава на Фејсбук призна дека користел кокаин.
Имено, во објава на социјалната мрежа Фејсбук, данскиот политичар напиша:
„Значи да, пробав кокаин на почетокот на моето раководство со партијата. Тоа се случи најмногу еднаш или двапати во забавна средина и, се разбира, никогаш додека бев на работа“, напиша Ваноплаг, чија десничарска партија моментално е трета на анкетите пред изборите на 24 март.
Прашањето е поставено до сите партиски лидери
34-годишниот политичар, кој на изборите ја предизвикува актуелната премиерка Мете Фредериксен, беше критикуван затоа што првично одби да одговори на прашањето што сега им се поставува на сите партиски лидери во Данска пред изборите следната недела.
„Откако поминав низ болест поврзана со стрес, не пиев ништо освен чаша вино. Тоа не е нешто што сакам да го споделам бидејќи знам како медиумите ќе го претстават. Веќе можам да ги замислам насловите“, напиша Ванопглаг, додавајќи дека се надева оти Данците ќе „го осудат за тоа кој е денес“.

Ванопглаг, исто така, се залагаше за легализација на продажбата на кокаин во аптеките, во случај возрасен „да го има животот под контрола и можеби три пати годишно на забава сака да земе кокаин“. Сепак, минатата недела тој рече дека повеќе не ја застапува идејата.
Дрогата и нејезината примена е омилена кај левичарите во Европа, дали во Данска, Холандија, Унгарија или Македонија никогаш не знаете дали зборуваат при своија свест или дрогирани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата