logo
logo
logo

Шведска ЗДРАВО: Да се зголеми возраста за повикување на воени резервисти на 70 ГОДИНИ

Vecer | 14.07.2025

Шведска ЗДРАВО: Да се зголеми возраста за повикување на воени резервисти на 70 ГОДИНИ

Шведската влада денес објави дека размислува за зголемување на старосната граница на 70 години за повикување на поранешни офицери во активна служба, како дел од новите мерки за обезбедување достапност на воен персонал во време на криза.

Тој предлог е резултат на истрага нарачана од владата во 2024 година, кога Шведска се приклучи на НАТО. Целта беше да се испита како вооружените сили на земјата би можеле да бидат соодветно екипирани во случај на конфликт.

Скандинавската земја стави крај на два века воено неврзување за да се приклучи на Атлантскиот сојуз откако руската инвазија на Украина започна во февруари 2022 година.

- Шведска, со население од 10,5 милиони, поминува низ сериозен период, изјави министерот за одбрана Пал Јонсон на прес-конференција, додавајќи дека земјата во моментов инвестира многу во воена одбрана.

Според него, покрај инвестициите, треба да се обезбеди и дека има доволно достапен персонал.

Затоа, анкетната комисија предлага да се зголеми старосната граница за поканување на поранешни офицери на 70 години, од сегашните 47, додаде министерот за одбрана.

Фото: Илустрација профи

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk