logo
logo
logo

УНИШТЕН Е ПРСТЕНОТ НА ПАПАТА ФРАНЦИСКO: Еве зошто се нарекува „Прстенот на рибарот“

Vecer | 22.04.2025

УНИШТЕН Е ПРСТЕНОТ НА ПАПАТА ФРАНЦИСКO: Еве зошто се нарекува „Прстенот на рибарот“

Овој церемонијален чин е дел од сложениот и строго регулиран протокол наречен Sede Vacante – периодот кога Светиот Престол е без папа, сè до изборот на нов во конклавата.

Уништен е Прстенот на рибарот на Папата Франциск. Прстенот традиционално се уништува по смртта на папата и има симболично значење. Историски, прстенот се користел како восочен печат за заверување официјални документи и со негова помош се потврдувала автентичноста на папските наредби. За да се спречи можноста некој да го злоупотреби прстенот и да издава лажни документи во името на починатиот папа, тој се уништувал веднаш по неговата смрт.

Но, уништувањето на прстенот има и длабоко симболично значење – тој чин го означува крајот на папското служење отворање на пат за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква. Се користи специјален сребрен чекан или длето за да се оштети така што повеќе не може да се користи, често пред присуство на кардинали.

Овој церемонијален чин е дел од сложениот и строго регулиран протокол наречен Sede Vacante – периодот кога Светиот Престол е без папа, сè до изборот на нов во конклавата.

Прстенот на рибарот претставува еден од најважните симболи на папската власт и наследството на Свети Петар – првиот папа и рибар по професија. Овој прстен се изработува специјално за секој новоизбран папа и има длабоко значење, и духовно и историско.

Кога Хорхе Марио Бергољо беше избран за папа во 2013 година, тој избра да носи прстен од позлата, а не од масивно злато, во знак на скромност и блискост со сиромашните – вредности што тој често ги нагласувашњ во своето служење. Неговиот прстен не е оригинално изработен, туку се базира на дизајн што не беше користен од друг папа.

Папата Франциско често го носеше прстенот, но не дозволуваше секогаш верниците да го бакнуваат – објаснувајќи дека тоа е делумно поради хигиена, но и затоа што сакаше луѓето да се фокусираат на Христос, а не толку на неговата улога како папа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk