Европската Унија нема да може да го исполни своето ветување да инвестира 600 милијарди долари во американската економија, објави Политико, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ.
„Европската Унија призна дека нема моќ да го исполни своето ветување да инвестира 600 милијарди долари во американската економија, само неколку часа откако го даде ветувањето на клучните трговски разговори во Шкотска. Тоа е затоа што парите би дошле целосно од инвестиции во приватниот сектор, врз кои Брисел нема контрола“, се вели во извештајот.
Неименуван висок функционер на Европската комисија објасни дека ЕУ не може да ја гарантира инвестицијата, бидејќи зависи од намерите на приватните компании.
Според друг извор, договорената сума на инвестиции се базира на детални разговори со разни деловни здруженија и компании.
Експертите ја поздравија идејата за инвестиции од приватниот сектор на ЕУ во САД со скептицизам, а францускиот претсдетаел Макрон изјави дека ветувањето на Урсула Фондер Лајен не е конечен договор, допрва треба да се анализира америкаснкиот предлог.
Соединетите Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор синоќа во Шкотска, според кој, меѓу другото, производите на ЕУ ќе бидат предмет на царина од 15 проценти во САД. Трамп рече дека ЕУ ќе инвестира 600 милијарди долари во САД и ќе купи енергија и американска воена опрема во вредност од 750 милијарди долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата