Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 23:47 часот по локално време, беше регистриран на 42 километри од Џалалабад.
Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди планинскиот регион Хиндукуш во североисточен Авганистан, во близина на границата со Пакистан, во недела навечер, соопштија американските сеизмолози.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 23:47 часот по локално време на релативно мала длабочина од 10 километри, беше регистриран на 42 километри од Џалалабад, наведуваГеолошкиот завод на САД.
Најмалку девет лица загинаа, а 25 се повредени во покраината Нангархар, според Аџмал Дарваиш, портпарол на регионалниот здравствен оддел.
Авганистан често е погоден од земјотреси, особено во регионот Хиндукуш, во близина на спојот на евроазиските и индиските тектонски плочи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата