logo
logo
logo

НАПАД СО НОЖ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА во Њујорк

Vecer | 08.06.2026

НАПАД СО НОЖ НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА во Њујорк

Шест лица се повредени во нападот со ладно оружје врз железничката станица во Њујорк, објавија денес властите во Њујорк.

Градската противпожарна служба потврди дека добила повик дека непознат напаѓач повредил неколку лица со нож на главната меѓуградска железничка станица во центарот на Њујорк во недела околу 19 часот, објави NBC News.

„Едно лице се здобило со сериозни повреди, а другите повреди се окарактеризирани како полесни и умерени. Пет повредени лица се префрлени во болницата Белвју, додека шестото лице со полесни повреди е префрлено во болницата Корнел“, се вели во соопштението на противпожарната служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk