Експертот кој е докажан во познавањети и проценката на економските текови и ризици и кој прецизно ја предвиде разорната финансиска криза во 2008 година сега испраќа застрашувачко предупредување до целиот свет.
Прогнози не предвидуваат целосен колапс ако не се продлабочо кризата на Блискиот Исток, тие во таков случај предвидуваат „турбулентна“ или „бурна“ средина дефинирана со нови трговски правила, нестабилност на пазарот предизвикана од вештачката интелигенција и високи нивоа на долг. Но, кризата на Блискиот Исток се продлабочува.
Економистот Ричард Букстејбер тврди дека глобалната економија е пред колапс.
Овој удар ќе биде многу побрутален од сето она што досега сме го виделе. Неговата најнова колумна за „Њујорк тајмс“ предизвика вистински земјотрес меѓу инвеститорите. Тој отворено порачува дека претходната криза ќе изгледа како обична детска игра во споредба со финансиското цунами што ни се приближува. Експертот алармира дека новиот систем е премногу сложен и крајно ранлив на брзо ширење на паниката.
Темпирана бомба во приватните кредити
Вистинската опасност лежи во пазарот на приватни кредити тежок неверојатни два трилиони долари. Традиционалните банки масовно се повлекоа по минатата криза. Компаниите сега позајмуваат пари директно од институционални инвеститори.
Проблемот настанува бидејќи овие долгови многу тешко се препродаваат. Инвеститорите воопшто не знаат колку реално вредат овие инструменти во услови на пазарен стрес. Голем дел од должниците се токму софтверски компании. Нивните услуги наскоро може да бидат целосно заменети од вештачката интелигенција. Богатите инвеститори веќе панично ги повлекуваат своите пари од познати фондови како „BlackRock“ и „Blackstone“.
Балонот на вештачката интелигенција пред пукање

Светските берзи во моментов лежат на исклучително стаклени нозе. Технолошкиот бум привлече астрономски инвестиции во само неколку гигантски компании. Замислете, само десет акции сега контролираат над една третина од вредноста на целиот S&P 500 индекс. Оваа невидена концентрација претставува огромен ризик за комплетниот систем.
Секој помал шок кај овие лидери моментално ќе се прелее низ целиот финансиски пазар. Слабеењето на приватниот кредит директно ги загрозува милионските пензиски фондови и инвестициски портфолија ширум светот.
Геополитичкиот хаос го носи конечниот удар
Новиот финансиски систем е директно врзан за физичкиот свет и неговите ресурси. Вештачката интелигенција бара и троши огромни количини на електрична енергија. Воениот конфликт со Иран веќе сериозно се заканува да предизвика брутален енергетски шок. Високите цени на струјата веднаш ќе ги парализираат џиновските дата центри.
Истовремено, евентуален кинески напад врз Тајван целосно ќе го блокира пристапот до неопходните полупроводници. Инвеститорите тогаш масовно ќе почнат да ги распродаваат акциите на големите технолошки компании. Ова ќе предизвика неконтролирана верижна реакција која берзите едноставно нема да можат да ја преживеат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата