logo
logo
logo

Бугарските земјоделци контра ЕУ: На протести бараат забрана за увоз на украинско жито (ВИДЕО)

Vecer | 18.09.2023

Бугарските земјоделци контра ЕУ: На протести бараат забрана за увоз на украинско жито (ВИДЕО)

Најавуваат дека се подготвени утре да тргнат со трактори за Софија, јавуваат медиумите.

Во петокот, Европската комисија одлучи да ги прекине ограничувањата за увоз на производи од Украина, а бугарската влада гласаше за укинување на забраната, разидувајќи се со уште три членки на ЕУ: Полска, Унгарија и Словачка, кои најавија дека ќе ги задржат ограничувањата.

Контролата на увозот на украинско жито им овозможи на пет земји: Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка да ја ограничат трговијата со производи како жито, пченка, семе од репка или сончоглед од Украина на сопствениот пазар. Претставници на земјоделскиот сектор во Бугарија поставија барикади на патиштата против одлуката за укинување на забраната поради страв од евтиниот увоз.

Демонстрантите најавија дека планираат утре да ги однесат тракторите во Софија за да продолжат со акцијата. Бугарскиот премиер Николај Денков вчера изјави дека „нема да преговара со терористи“.

Минатата недела бугарскиот парламент ја укина забраната - дури и пред Европската комисија - благодарение на гласовите на прозападното мнозинство претставници, пренесе агенцијата БТА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk